ЕУ ќе ја зајакне сателитската одбрана поради пречки во ГПС сигналот


Фото: Б. Грданоски

 Европската Унија планира да распореди дополнителни сателити во ниската Земјина орбита за да го зајакне отпорот на пречки во ГПС сигналот, изјави комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус ​​Кубилиус.

„ЕУ дополнително ќе ги подобри своите капацитети за откривање и заштита од слични пречки“, рече тој, истакнувајќи дека безбедноста на комуникациските и навигациските системи станува сè поважна во современите геополитички услови, пренесоа британските медиуми.

Изјавата доаѓа еден ден по инцидентот во кој ГПС сигналот во авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше блокиран за време на летот за Бугарија.

Според портпаролот на ЕУ, бугарските власти се сомневаат дека прекинот е предизвикан од пречки од Русија.