ЕУ и Русија разговараат за меѓусебно признавање на потврдите за вакцинација
Стручњаци од руското Министерство за здравство и претставници на Еврипската Унија ќе го разгледаат прашањето за признавање на потврдите за вацинација против корона вирусот низ консултации, соопшти денеска прес-службата на руското министерство.
Тоа е договорено во ткеот на работниот состанок во виртуелен формат на претставници од Министерството за здравство и ЕУ.
Страните се согласиле дека во претстојните разговори ќе ги договорат главните и техничките параметри за взаемно признавање на потврдите за вакцинација.
Во соопштението се потсетува дека документите кои европскаа страна ги побарала во текот на претходниот состанок ќе бидат пратени во Делегацијата на ЕУ во септември.
„Взаемното признавање на сертификатите има за цел укинување на препреките за движење на руските државјани во ЕУ и обратно. Билатералните консултации за ова прашање ќе продолжат“, соопштуваат од таму.