Естонска фирма направи преносен уред што убива 99 отсто од вирусите
Естонската технолошка компанија „Респиреј“ лансираше преносен прочистувач на воздухот за кој тврди дека убива повеќе од 99 отсто од вирусите и бактериите со помош на ултравиолетови зраци.
Компанијата наведува дека уредот е развиен во соработка со универзитетот во Есотнија и во Полска и дека зад него стои естонското министерство за образование кое има намера да го дистрибуира по училиштата, пишува Ројтерс.
Индрек Рејманд од министеството за образование рече дека „Респреј“ го гледа како дополнителен елемент во борбата против Ковид-19 покрај вакцината, лековите и мерките за дистанцирање.
„Не постои волшебно стапче против вирусите, но комбинацијата од повеќе фактори може да помогне во сузбивањето на пандемијата“, вели Рејманд.
Цената му е 279 ерва
Компанијата вели дека нејзиниот прочистувач на воздух се темели на познатите својства за дезинфекција до УВ светлина и термодинамиката на дишење, каде повеќето од вдишаниот воздух доаѓа од протокот на воздух кој се подигнува од телесната површина.
Уредот се состои од пластична кутија која се носи околу вратот, а проѕирниот визир за лицето овозможува тоа да остане потполно видливо. Се напојува со помош на батерии кои траат осум часа.
Воздухот прво поминува низ филтер, кој ја отстранува прашината и поголемите честички, а потоа тече низ УВ ЛЕД модул. Откако модулот ќе ги убие вирусите и бактериите, воздухот доаѓа до лицето на корисникот.
Фирмата наведе дека на полскиот универзитет Лоѕ докажано е дека уредот убива 99 отсто од бактериите ешерихија коли и стафилококус ауреус, а истражувањата кои ги спровеле во универзитетот Тарт во Естонија покажале дека унишува 99,4 отсто од алфавирусите.
Лиан Виру, шеф на Одделот за биолошка сигурност на универзитетот, рече дека алфавирусите по големина и структура се слични со САРС-КоВ-2 кој предизвикува Ковид-19.
Малопродажната цена на овој уред е 279 евра, а испораката треба да започне во март.