Естонија ќе ја продолжи воена служба на 12 месеци?


Владата на Естонија планира да ја продолжи воената служба на 12 месеци за сите регрути од 2027 година.

Ова го покажа нацрт-законот што естонскиот министер за одбрана Хано Певкур го испрати на разгледување.

Певкур истакна дека обемот и техничката сложеност на обуката се зголемени, како и дека се воведени модерни системи на оружје, поради што е потребно воената служба да трае 12 месеци за да може да се исполнат воени задачи во секое време, во мирно и воено време.

Досега, обуката на регрутите во Естонија траеше осум или 11 месеци, во зависност од специјалноста, објави естонскиот портал err.ee.

Се проценува дека директните трошоци за продолжување на времетраењето на воената служба ќе изнесуваат 31 милион евра во 2027 година.