Ешли Џад прооде пет месеци по несреќата во Африка
САД- Актерката Ешли Џад (53) која го документираше својот процес на рехабилитација на социјалните мрежи, објави дека официјално повторно оди сама.
“Драги пријатели, со почит и тивок страв ве известувам. Денес, пет месеци и три недели по несреќата во дождовната шума во Конго, повторно одев и на кој начин! Пешачев по #Швајцарскиот национален парк”, напиша Џад на Инстаграм заедно со серија видеа и фотографии кои го документираат нејзиниот напредок.
“Влегувајќи, се чувствував во мојата леснотија, мојата природна облека за себе, како дома во мојот дух. Мојата нога и нога, работеа прекрасно”, продолжи таа. “Одев по ридот на нерамни површини еден час самоуверено и слегов внимателно и лесно. Се одмарав на ливада на Божјата плодна земја со часови”.
Иако Џад рече дека се уште има многу до целосно закрепнување, таа со нетрпение го очекува „патот напред“.

Актерката во февруари ја скршила и за малку ќе ја загубела десната нога на своето патување во Конго, односно при своја авантуристичка прошетка низ тамошните прашуми.
– Почувствував и знаев дека ногата ми се крши… Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа… Паднав од дрво и лежев во дождовната шума во Афика со лошо повредена нога пет часа во агонија од болката. Откако една колешка од кампот пристигна да ми ги поднамести коските, моите „браќа од Конго“ ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина, изјави таа за „Њујорк тајмс“.

Утредента ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош. Ешли изрази особена благодарност до нејзините конгоански пријатели.
„Без моите браќа и сестри од Конго, моето внатрешно крварење веројатно ќе ме убиеше, или ќе ја изгубев ногата. Се будам плачејќи (липајќи) од благодарност, длабоко трогната од секоја личност која придонесе за нешто животворно и со спасувачки дух за време на мојата исцрпувачка 55-часовна одисеја“, напиша таа тогаш на Инстаграм. (Пипл)