Ерменија соопшти дека е подготвена да потпише мировен договор со Азербејџан

рменското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ерменската страна подготвила нацрт мировен договор со Азербејџан и дека Ерменија е подготвена да разговара за датум и место за потпишување конечен договор.
Ерменија и Азербејџан водеа неколку војни од доцните 1980-ти, кога Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан, кој тогаш беше населен главно со Ерменци, се отцепи од Баку со поддршка на Ереван.
Во септември 2023 година, Азербејџан ја врати контролата врз Карабах, предизвикувајќи речиси целото ерменско население на територијата, кое броеше 100.000, да побегне во Ерменија.
Двете страни долго време кажуваат дека сакаат да потпишат договор за ставање крај на долгогодишниот конфликт, но со години се расправаат за деталите за евентуалниот договор.
„Мировниот договор е подготвен за потпишување. Република Ерменија е подготвена да започне консултации со Република Азербејџан за датумот и местото на потпишување на договорот“, се вели во соопштението на ерменското Министерство за надворешни работи.