Ерик Клептон одби да настапува ако од публиката се бара доказ за вакцинирање

Славниот рок-музичар Ерик Клептон објави дека нема да настапува во ниту еден простор ако на присутните каде што свири им се бара од присутните да покажат доказ за вакцинирање.
Како одговор на најавата на владата на Велика Британија дека ќе бидат потребни пасоши за вакцинација за пристап до ноќните клубови и места до крајот на септември, музичарот издаде изјава во која вели дека нема да свири „на која било сцена каде што ќе има дискриминација на публиката. Сѐ додека не се обезбеди одредба за присуство на сите луѓе, го задржувам правото да го откажам шоуто“.
Клептон ја сподели изјавата преку профилот на Телеграм на италијанскиот архитект и ковид-скептик, Робин Моноти. Тоа беше придружено со линк од соработката на Клептон против блокадите со Ван Морисон, „ Stand and Deliver “, во која тие пеат: „Дали сакаш да бидеш слободен човек, или сакаш да бидеш роб?“
Клептон исто така ги сподели своите негативни искуства од приемот на вакцината на „АстраЗенека“ преку профилот на Моноти на Телеграм во мај, тврдејќи дека доживеал сериозни реакции што го оставиле да се прашува дали повторно ќе може да свири гитара.