Ердоган и Путин најпопуларни политичари во Македонија


Во анкетата на ИРИ направена во регионот на Западен Балкан има  прашање кој е најпопуларен политичар што покажа дека највисоко на листата котира турскиот лидер Таип Реџеп Ердоган. Освен во Косово и во Србија, Ердоган е практично најпопуларен во сите други држави во регионот. На првото место во Косово е американскиот претседател Џо Бајден, а во Србија – Владимир Путин, па кинескиот претседател Кси Џипинг. 

Во Македонија, пак, традиционално јавноста се воодушевува на Ердоган и на рускиот претседател Владимир Путин иако анкетата покажа дека мнозинството ја смета за неоправдата интервенцијата на Русија во Украина.