ЕПП го санкционира, но не го избрка главниот европратеник на Орбан
Европската народна партија одлучи да го санкционира, но не и да го избрка шефот на унгарската владејачка партија Фидес во Европскиот парламент, откако тој даде коментари критички кон лидерот на десниот центар.
ЕПП во изјавата по одлуката во средата вечерта рече дека групата „силно ги осудува“ изјавите дадени од европратеникот Тамаш Дојч, кои ги опиша како „јасна противречност на европската христијанска демократија и на вредностите на ЕПП“.
Дојч предизвика револт кај колегите членови на групата ЕПП кога ги спореди коментарите дадени од водачот на парламентарната група Манфред Вебер со слоганите на Гестапо и на тајната полиција од времето на комунизмот во Унгарија.
Група од речиси 40 членови на ЕПП, предводена од австрискиот европратеник Отмар Карас, се залагаа за исфрлање на Дојч од групата.
Според изјавата од средата, на Дојч ќе му бидат ускратени сите права да зборува на пленарна седница во име на ЕПП и ќе му биде забрането да има какви било формални позиции во име на групата, како што е известувач, „додека не се донесат понатамошни одлуки“.
За целосно протерување, што го бараа Карас и другите, требаше двотретинско мнозинство и можеби ќе ги натераа и останатите европратеници на Фидес да ја напуштат ЕПП. Но, во изјавата на ЕПП се вели дека писмото на Карас „останува на маса“.
„Мојата иницијатива имаше влијание: Тамаш Дојч штотуку е суспендиран“, порача Карас на Твитер. „Мило ми е што моето движење ја активираше оваа дебата, што и групата ЕПП ги осуди неговите неискажливи споредби и што сега има последици“.
Изјавата усвоена од групата, исто така, го отвора поширокото поширокото прашање дали Фидес треба да остане во ЕПП: Групата се соочуваше со зголемен притисок за официјално да го избрка Фидес со оглед на долготрајните тензии и обвинувања дека Унгарија не го прифаќа владеењето на законот, кулминирајќи со суспензијата на групата од партиските редови минатата година.
Но, германските членови не сакаа да одат понатаму и предложија полесна суспензија
Во изјавата усвоена од групата – со 133 гласа „за“, шест „против“ и три воздржани – се вели дека ЕПП мора „да донесе конечна одлука за членството на Фидес веднаш кога здравствените услови дозволуваат тоа да се случи“. Исто така, ги повикува европратениците од Фидес да „размислат дали нивните основни политички убедувања сè уште се компатибилни со вредностите и основната содржина на групата ЕПП“.
Полската европратеничка Рожа Тун рече дека таа е една од шестемина европратеници кои гласаа против изјавата, твитувајќи: „Почитувани создавачи на мислење, ако сакате да се побрите за утрешнината на ЕПП, љубезно ве известувам дека се борев за протерување на Тамаш Дојдч и гласав против текстот за одложување на одлуката сѐ додека ‘здравствените услови не дозволат да се случи тоа’. Изгубив. И Орбан отвори уште едно шампањско!“
Како директен одговор на твитот на Тун, Дојч рече: „Без коментар. Тоа е тоа“. (Политико)