Енди Мекдауел со проседа коса во Кан: Ги прифаќам промените што доаѓаат со стареењето


Франција– Во текот на изминатата година, актерката Енди Мекдауел им дозволи на нејзините темни кадрици да растат природно, постепено откривајќи сребрен тон на косата што е дефиниција за елеганција. Мекдауел позираше на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, дебитирајќи – за прв пат јавно – со нејзината мека, сребрена боја на коса.

Енди Мекдауел

63-годишната актерка и амбасадор на Лореал за Кан избра необични бели тоалети со средрени детали и украси од Версаче со стилска шминка и фризура.
Што се однесува до нејзината нова, природна боја на коса, Мекдауел рече дека ги прифаќа промените што доаѓаат со стареењето, со малку корисна перспектива од нејзините ќерки, Рејни и Маргарет Куали. Мекдауел вели дека кога нејзината природна почнала да растево карантинот нејзините ќерки ја охрабрувале да ја пушти и да не ја фарба.

„Не ја бојадисував косата и можеше да ги видиш моите корени, а моите ќерки постојано ми велеа дека изгледам лошо“, објасни Мекдоуел кога се појави како гостин во шоуто Дру Баримор во февруари. „Затоа, се зафатив и уживам во тоа … 
„Проседата коса станува уште малку посува. Текстурата станува уште повеќе жилава, но јас го прифаќам сето тоа “, рече таа„Удобно ми е. Ми се допаѓа. Тука ќе стигнете додека сте на моја возраст “.