Емпанада – шпанско јадење: Секој залак е како сон
Доколку ви треба закуска или да импресионирате некого, еве го начинот, Емпанада е вистинското јадење за вас.
Неопходно е:
3 лажици брашно
Прстофат сол
Коцка путер
1 јајце
Оцет
1 кромид
2 чешниња лук
прстофат бибер
Една китка свеж коријандер
200 гр мелено месо
1 лажица тартар сос
1 лута пиперка
Подготовка: Направете го тестото со мешање брашно, путер, сол, јајце, вода и малку оцет.
Потоа направете го филот така што ситно ќе ги исечете кромидот и лукот. Зачинете со сол и бибер и додадете свеж коријандер. Комбинирајте сè со мелено месо.
Замесете го претходно подготвеното тесто и обликувајте кругови со калап. Добиените кругови наполнете ги со фил и преклопете. Пржете во длабока маснотија.
Послужете ја емпанадата со тартар сос. Додадете лута пиперка за декорација.