Ел Нињо оваа година ќе се претвори во Ла Ниња, еве што значи тоа

Временската шема на Ел Нињо, што може да предизвика екстремни услови, како што се шумски пожари и тропски циклони, ќе се претвори во генерално поладни услови во Ла Ниња подоцна оваа година, објави Светската метеоролошка организација (СМО).
Ел Нињо е природен временски феномен поврзан со нарушување на шемите на ветерот што значи потопли температури на површината на океаните во источниот и централниот дел на Тихиот Океан, а Ла Ниња носи пониски температури во Тихиот Океан околу екваторот и е поврзан со поплави и суши.
СМО објави дека има 60 проценти шанси условите во Ла Ниња да се појават помеѓу јули и септември и 70 проценти од август до ноември.
„Крајот на Ел Нињо не значи пауза во долгорочните климатски промени што нашата планета ќе продолжи да ги доживува поради стакленички гасови“, рече Ко Барет, заменик-генерален секретар на организацијата. „Екстремно високите температури на површината на морето ќе продолжат да играат важна улога во наредните месеци“.
Изминатите девет години се најтоплите досега, и покрај ладното влијание на Ла Ниња кое траеше од 2020 до почетокот на 2023 година, соопшти СМО.