Експлозија кај музеј во Холандија – може да е поврзана со кражба


Експлозија се случи во близина на музејот Дренц во холандскиот град Асен, што може да се поврзе со обид за грабеж, соопштија утрово властите.

Властите сè уште не потврдиле дали нешто е украдено, пишува NL Times.

Експлозијата се случила околу 3.45 часот утринава и оштетила неколку згради на Бринк.

Полицијата, која сè уште не уапсила ниту еден осомничен, а повикува граѓани за сведоци.

Полицијата по експлозијата ја пребарала областа, собирајќи докази и барајќи индиции.

Не е јасно дали еден или повеќе сторители биле вклучени во инцидентот.

Музејот Дренц моментално организира голема археолошка изложба насловена „Dacia – Rijk van goud en zilver“ (Дачија – Кралство на златото и среброто).

 

 

Изложбата содржи повеќе од 50 златни и сребрени богатства од античкото кралство Дакија, кое се наоѓало во денешна Романија, а датира од 20 век п.н.е. до 3 век од нашата ера.

Полицијата не соопшти дали артефакти од изложбата биле цел на обидот за грабеж.