Сегашните 18 централи на јаглен во Западен Балкан загадуваат како 221 во ЕУ


Новиот извештај на Центарот за истражување на енергија и чист воздух и Bankwatch, групи за заштита на животната средина во Централна и Источна Европа, открива дека во 2019 година 18-те централи на јаглен што се наоѓаат во Западниот Балкан емитирале двојно повеќе сулфур диоксид од 221 централа во ЕУ.

Загадувањето во Западен Балкан го загрозува снабдувањето со вода во регионот.
Ова е спСамо 18 ротивно на 2015 година, кога емисиите на CO2 – загадувач на воздухот што може да предизвика респираторни проблеми и други здравствени проблеми – од производство на електрична енергија на јаглен во тогашната ЕУ28 беа 20 проценти повисоки од оние во земјите на Западен Балкан.

Извештајот, објавен оваа недела, открива дека некои индивидуални централи за јаглен во Западниот Балкан емитуваат штетни гасови повеќе од цели земји во ЕУ. Никола Тесла А, на пример, во Србија ги надмина вкупните емисии на CO2 на најголемиот загадувач на ЕУ, Полска.

Кога се гледаат емисиите на ниво на гигават произведена електрична енергија, Угљевиќ, во Босна и Херцеговина, со 50 тони CO2 на произведен гигават е најголемиот прекршител. За споредба, Бежатув во Полска, најзагадувачката централа на ЕУ, емитираше само 1,1 тон CO2 на гигават.

Додека ЕУ затвори 30 постројки за јаглен од 2016 година и станува усогласена со Директивата за индустриски емисии и нејзините барања за намалување на загадувањето, тоа не беше случај во регионот на Западен Балкан, каде правилата за контрола на загадувањето беа постојано прекршувни.

Од 2018 година, 17 од 18-те централи на јаглен на Западен Балкан се под законска обврска да ја спроведуваат Директивата на ЕУ за постројки за големо согорување. Ова требаше да резултира со значително намалување на CO2 и на загадувањето со прашина, проследено со постепено намалување на бројот на овие загадувачи до крајот на 2027 година. Ова, се вели во извештајот, не се случува, а напредокот кон усогласувањето е „бавен и нецелосен“.

„Овие откритија ја демонстрираат итната потреба за прекинување на производството на електрична енергија со јаглен во Западен Балкан, како и итни подобрувања во контролата на загадувањето на овие постројки за време на преостанатите години на работа“, вели Давор Пехчевски, координатор на кампањата против балканското загадување на воздухот.

„Претворањето на јагленот во извор на енергија на минато ќе биде огромна придобивка за земјите од Западен Балкан кои сакаат да го подобрат здравјето на нивните популации. Исто така, ќе им помогне во нивните аспирации за членство во ЕУ и ќе постави курс за сеопфатна транзиција далеку од сите фосилни горива. Извештајот заклучува дека „бизнисот како и обично не е опција“.

„Јавното здравје е сериозно загрозено од огромното загадување што го испуштаат постројките за јаглен од Западниот Балкан. Поминаа повеќе од три години откако централите на земјите од Западен Балкан беа обврзани да ја почитуваат Директивата за големи постројки за согорување. Во меѓувреме, овие централи на јаглен продолжуваат со ослободување на високо ниво на CO2 и прашина, со многу малку активности за затворање на постројките или барем за вклучување на функционална опрема за десулфуризација “, стои во извештајот.

Затоа, овие две организации го повикуваат Генералниот директорат за енергетика на Европската комисија да обезбеди посилни, ефективни и обесхрабрувачки алатки за спроведување на законот и за казнување на прекршувањата на Договорот за енергетска заедница во регионот.

Само Владата на Северна Македонија на почетокот на оваа година стана првата земја во регионот што објави дека ќе ги затвори своите две централи за јаглен до 2027 година, датум што е компатибилен со климатскиот договор на ОН во Париз.Северна Македонија се потпиша на Алијансата за претворање на јагленот во минато на 30 јуни, коалиција на национални и субнационални влади, деловни субјекти и организации кои работат на унапредување на преминот од производство на јаглен кон чиста енергија.

Друга земја од Западен Балкан, Црна Гора, исто така, се приклучи на алијансата, но нејзиниот план за излез од 2035 година ја надминува компатибилноста со Парискиот договор за климата за пет години.

„Одлуката на Северна Македонија да се приклучи на клубот на европски земји што излегуваат од јаглен до 2030 година повторно го потенцира фактот дека исфрлањето на јагленот согласно климатскиот договор во Париз сега е норма за европските земји“, вели Махи Сидериду, управен директор на „Европа без јаглен“, невладина организација што спроведува кампања за крај на употребата на јагленот во 28 европски нации, вклучувајќи ги Западен Балкан и Турција.

„Додавањето на Северна Македонија во оваа група е особено значајно, бидејќи таа е прва земја од Западен Балкан што се обврза да се откаже од јаглен“, порачаа од оваа организација.