ЕК: Стапи на сила европскиот закон за вештачка интелигенција


Европскиот закон за вештачка интелигенција, првата сеопфатна регулатива во светот за вештачка интелигенција, стапи на сила денеска. Според соопштението на Европската комисија, Законот за вештачка интелигенција е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е доверлива и дека се воспоставени мерки за заштита на основните права на луѓето.

Целта на регулативата е да се воспостави хармонизиран внатрешен пазар за вештачка интелигенција во ЕУ, да се поттикне воведувањето на оваа технологија и да се создаде поволна средина за иновации и инвестиции.