Едноставна навика може да го спаси бракот, покажуваат студиите


Одржувањето блиски и квалитетни односи меѓу сопружниците бара труд и време поминато заедно.

Во брзото темпо на секојдневието, лесно е да се западне во рутина во која заедничките моменти стануваат се поретки, а комуникацијата се сведува на основни обврски. Сепак, истражувањата покажуваат дека заедничките активности кои обезбедуваат можности за смеење, опуштање и создавање спомени заедно може значително да придонесат за долгорочно брачно задоволство.

Ваквите активности им помагаат на партнерите повторно да се поврзат, да ја зајакнат меѓусебната доверба и да внесат свежина во врската, што е од суштинско значење за здрава и успешна врска.

Според истражувањето на Институтот за семејни студии (IFS), честите состаноци со вашиот партнер може да доведат до посреќен брак. Две различни студии кои опфатија повеќе од 350 долгорочни врски покажаа дека активностите во кои двајцата партнери споделуваат искуство значително придонесуваат за здравјето и квалитетот на врската, пишува YourTango. Паровите кои заедно се занимавале со такви активности пријавиле повисоки нивоа на задоволство, помалку стрес и биле посреќни и поповрзани од другите парови.

Ако само едниот партнер се забавува, додека другиот само ја „врши“ активноста, ваквите ситуации можат дополнително да ја оптоварат врската. Иако може да биде предизвик да најдете времАе и енергија за да организирате значајни активности кои ќе ве задоволат и двајцата, тоа е неопходен дел од успешната врска.

Забавувањето и смеењето заедно надвор од секојдневниот простор е клучно за развој на врската. Дури и ако буџетот не дозволува да одите на патување или да се запишете на курс, важно е да најдете други активности кои ќе ви бидат интересни и за двајцата и ќе ја одржат романсата жива. Важно е да се потрудите да ја зачувате љубовта во бракот.