Едноставен гест на родителите што всушност е една од најважните работи за здрав развој на детето
Едноставен гест што родителите можат да го направат е всушност една од најважните работи за здрав психофизички развој на детето.
Се работи за прегратка. Студијата спроведена од Националната детска болница во Охајо покажа дека децата што родителите повеќе ги прегрнуваат се попаметни.
Детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, поинтелигентно, побрзо во расудувањето, подобро памети и знае како да се справи со различни животни предизвици.
Резултатите од споменатото истражување покажаа и дека на децата им се потребни четири прегратки дневно за среќно детство, осум дневно за одржување на задоволството и 12 прегратки дневно за самодоверба и развој.
Важно е и времетраењето на прегратката. Имено, кога се гушкаме седум до дваесет секунди, се ослободува окситоцин, кој уште го нарекуваат и хормон на среќата.
Допирите и прегратките не само што го зголемуваат нивото на окситоцин, туку и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и го подобруваат имунолошкиот систем.