Еднодневен прекин на работата на Адвокатската комора на Војводина


 Членовите на Адвокатската комора на Војводина (АКВ) денеска ќе спроведат еднодневен прекин на работата поради „систематското и долгорочно“ мешање на извршната власт во работата на судството и драматичното нарушување на независноста на судот, независноста на Јавното обвинителство и балансот во поделбата на овластувањата, јави Бета.

Одлуката е донесена и поради „правно неосновано подготвување“ на измени во кривичната легислатива, што би довело до промена на основните начела на кривичната постапка, дополнително нарушување на слободите и правата на граѓаните и негативно влијание врз непристрасност на судот.

Дополнително, таквата одлука е донесена поради „произволна примена на репресивни мерки“ врз одредени учесници на протестот во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад, како и поради видното отсуство на такви мерки против мал број оние кои прибегнаа кон отворено насилство на протестот.