Едно лице загина, девет се повредени во пукање во близина на Универзитетот Тенеси


Едно лице е убиено а девет се повредени во пукање што се случи синоќа во близина за време на парада во Универзитетот на државата Тенеси. Властите веруваат дека барем еден од повредените учествувал во пукањето.

Лицето кое загинало имало 24 години, соопшти полицијата на социјалната мрежа X. Неговото име, имињата на повредените, како и информации за мотивот, не беа веднаш објавени.

Најмалку три од повредените се деца со полесни повреди. Едното е девојче од 12 години и две други на возраст од 14 години, кои биле пренесени во детската болница во тој регион, изјави Дон Аарон, портпарол на полицијата на Нешвил.

Некои од останатите жртви се 23-годишен маж и 55-годишна жена, рече Аарон, додавајќи дека жената е во критична состојба.

-Сметаме дека ова е нешто што било како страничен инцидент покрај парадата и дека не е директно поврзано со (студенти) и самиот универзитет, изјавија од полицијата.