Една жртва во сообраќајка на локален пат во Битола
Утрово на локалниот пат Битола-Новаци, во непосредна близина на селото Логоварди се случила тешка сообраќајна незгода.
Во директен судир на две моторни возила, животот го загубил жител на селото Логоварди на околу педесет годишна возраст, потврдија од СВР-Битола.
Истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа е во тек.
Во одвоена сообраќања незгода кај Крива Паланка пак, се судриле две товарни возила.
Имено, сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива Паланка беше речиси два часа во застој поради сообраќајна незгода што се случила утринава околу десет часот на магистралниот пат А2, помеѓу две товарни возила.
-Утринава, околу 9:40 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Ранковце-Крива Паланка кај место викано Просеченик, Општина Ранковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со турски национални ознаки и товарно моторно возило „волво“ со тетовски регистарски ознаки. Поради тоа сообраќајот беше во прекин до 11:40 часот, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.