Еден месец до почетокот на 25. ОФФест


Само еден месец до јубилејното издание на 25. ОФФест резервирано во првата недела од јуни. Богата програма со учесници од 12 земји со посебен акцент на Африканскиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во придружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последната во Младинскиот Културен Центар. Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате подолу и на веб-страната www.offest.com.mk

Билетите се веќе во продажба и достапни онлајн на: http://www.offest.com.mk/mk/bileti/