ЕБУ: Ќе се промени гласањето за Евросонг 2023


Швајцарија– EБУ најави големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, Англија.

Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се бодуваат песните уште од 2009 година. Во финалето ќе одлучува комбинација од гласовите на публиката и поените на жирито. За прв пат во онлајн гласањето ќе можат да учествуваат и граѓаните од земјите кои не дел од овој музички настан. Нивните гласови ќе се додаваат на другите и ќе имаат голема улога во одлучувањето на победникот.

За потсетување, од двете полуфинални вечери во полуфиналето одат по 10 учесници, а за 20 места во финалето ќе се натпреваруваат 31 земја. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот -Англија и на Украина, кои се победници од годинашното натпреварување.

Сите гледачи од земјите учеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние кои гледаат Евровизија од другите земји, ќе може да го сторат тоа преку безбедна он-лајн платформа.

Македонија го откажа настапот и следната година ќе нема свој претставник на изборот за песна на Евровизија.

Официјалното лого за 67. Избор за песна на Евровизија, го содржи украинското знаме во срцето. Дизајнот на логото одразува дека иако натпреварот ќе се одржи во Англија, тоа ќе биде направено во име на Украина, победниците на годинешниот избор за песна на Евровизија.