Џонсон: Ширењето на короната, сериозно, сериозно загрижува
Растечките бројки на заразени и хоспитализирани поради Ковид-19 се „сериозна, сериозна загриженост“, рече денеска британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека е помалку оптимистичен околу отворањето на земјата отколку во мај.
„Јасно е дека индискиот сој е позаразен и исто така е вистина дека бројките растат и дека нивото на хоспитализирани се во пораст“, рече тој за Скај њус.
„Сега не знам точно во која мерка тоа ќе доведе до смртни случаи, но јасно е дека е предмет на сериозна, сериозна загриженост“, рече Џонсон.
Се очекува Џонсон во понеделник да соопшти дали ќе дојде до планираното укинување на рестрикциите од 21 јуни или растечкиот број ќе го примора да го одложи отворањето.
Главниот надлежен за вакцинација против Ковид-19 во Британија, Нахим Заав рече дека мора да се биде внимателен.
„Имавме едно големо отворање на 17 мај, кога луѓето можеа да почнат да се состануваат со пријателите во затворени простории, ресторан, паб и да се дружат“, додаде тој.
„Мислам дека важно многу внимателно да ги разгледаме податоците во текот на викендот и тоа да ѝ го кажеме на нацијата“, додаде тој.