Џоли го “фати“ Ротшилд
Актерката и член на едно од најбогатите семејства во светот, чиј имот се проценува на 500 милијарди долари, се приметени на ручек во елитниот ресторан Нобу во Малибу, Калифорнија
САД– Откако во 2016 година поднесе барање за развод од Бред Пит и му ја извади душата, Анџелина Џоли ретко се гледа во машко друштво. И додека Бред среќата ја најде со дизајнерката Инес де Рамон, Анџелина со години е сингл поради нејзините, како што вели, високи стандарди. Сепак, можно е конечно да најде некој кој ги исполнува нејзините високи критериуми – милијардер и наследник на финансиската империја Дејвид Мајер де Ротшилд.

Актерката и член на едно од најбогатите семејства во светот, чиј имот се проценува на 500 милијарди долари, се приметени на ручек во елитниот ресторан Нобу во Малибу, Калифорнија. Поминаа цели три часа заедно, а од локалот излегоа занесени во разговор без да ја тргнат насмевката од нивните лица. Британскиот бизнисмен е посветен активист за заштита на животната средина и можно е неговата страст за активизам да го поврза со Анџелина.
Џоли три пати беше во брак- Со Бред Пит (2014-2019), со Били Боб Торнтон (2000-2003) и со Џоли Ли Милер (1996-1999).