Џоди Тарнер-Смит ограбена во Кан: Ми украдоа накит со сентиментална вредност

Франција-На Џоди Тарнер-Смит , која на Канскиот филмски фестивал го промовираше својот нов проект After Yang, ѝ украле накит вреден десетици илјади евра од нејзината хотелска соба. Според „Варајети“, едно парче од украдениот накит имал посебна сентиментална вредност: венчалниот прстен на мајката на Тарнер-Смит.
Актерката која престојувала во хотелот„ Мериот “ на Кроазета, била на појадок кога некој и влегол во собата и украл накит вреден неколку десетици илјади евра, стои во соопштението на организаторот.
Во неделата, Тарнер-Смит ја објави кражбата на Твитер.
„Не мислев дека ќе минам 2,5 часа во полициската станица на пследниот ден во Кан, но тука сме…“, напиша таа. Според ТМЗ, во моментов се води истрага.
Ова не е прв пат да се случи кражба на накит за време на фестивалот. Во 2013 година, накит од Шопар, вреден повеќе од еден милион американски долари, за кој се очекуваше да им биде позајмен на sвездите кои одат по црвениот килим, беа украдени од сеф во хотел.