Џо Бајден вакциниран против корона вирус во живо на телевизија

Новиот претседател на САД, Џо Бајден и неговата сопруга Џил денеска примија вакцина против корона вирус.
Бајден пред медиумите ја прими вакцината на „Фајзер“ во програма во живо, и подоцна рече дека неговата сопруга вакцината ја примила исто така денеска.
Веднаш по вакцинирањето, Бајден се обрати до јавноста повикувајќи ги граѓаните во текот на празниците да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки и советите на стручњаците.
„Ако не морате, не патувајте. Сега е посебно важно тоа. Се уште не е крај, едно е да добиете одобрение за употреба на вакцина, а сосема друга рабоа е да ја поделите со сите грашани“, рече тој.
Додаде дека вакцината прво ќе ја примат здравствените работници, кои ги смета за херои.
Бајден се вакцинира истиот ден кога во оваа држава почна дистрибуцијата на вакцината на „Модерна“.
За потсетување, Доналд Трамп не се огласи за тоа дали планира да се вакцинира. Од друга страна, Мајк Пенс, Ненси Пелоси и Мич Мекконел вакцината ја примија во петокот.