Џин Симонс од „Кис“ го продаде домот за 2 милиони долари, се сели од Калифорнија заради високи даноци
САД- Фронтменот на „Кис“, Џин Симонс ја продал својата поранешна куќа во Лос Анџелес за два милиони долари, пишува „Дејли меил“.
Куќата, лоцирана во кањонот Лорел на Холивуд Хилс, се појави на пазарот во август за 2,2 милиони долари пред да добие намалување на цената од околу 200 000 американски долари.
Според јавните записи, Симонс првпат го купил домот во 2013 година за 1,4 милиони долари. Но, според „Дејли меил“, Симонс не е првиот познат музичар што живеел на имотот. Претходно бил дом на Џони Мичел и Џим Морисон.
Куќата од 2.345 квадратни метри е распоредена на три ката.
Куќата нуди панорамски поглед на центарот на Лос Анџелес, холивудскиот знак, опсерваторијата Грифит и планините Санта Моника..обро лоцираниот дом има четири спални и две бањи.
Дејли меил пренесува дека Симонс ги реновирал бањите и кујните во домот. Тој има и друг дом на пазарот – замок во Беверли Хилс, понудена за 22 милиони долари.
Холивуд Хилс е дом на ѕвезди од А-листата, вклучувајќи ги Леонардо ди Каприо, Никол Шерцингер и Роберт Патинсон. Според Realtor.com, просечната цена на продажбата на домови во соседството е 1,5 милиони долари.
Симонс сака да ја напушти Калифорнија поради високите даноци
Во октомври, Architectural Digest објави дека Симонс го сели своето семејство на север во Вашингтон, главно наведувајќи ги даночните поволности.
„Го селам нашето семејство во држава што е многу поприфатлива“, рече Симонс. Каде што нема данок на доход, нема локални и државни даноци. Сојузните даноци се доволни”.
„Калифорнија и Беверли Хилс лошо се однесуваат кон луѓето што создаваат работни места, а даночните стапки се неприфатливи“, рече тој за Кетрин Кларк за „Волстрит журнал“. „Работам напорно и ги плаќам даноците , но што е многу, многу е. (Инсајдер)