Џил Бајден во сина тоалета на инаугурацијата: Моќна порака за доверба и стабилност


САД-  Новата прва дама д-р Џил Бајден за инаугурацијата (која е во тек) избра тоалета на релативно непозната дизајнерка Александра О’Нил, основач и креативен директор на брендот Маркаријан. Како некои минати први дами избра да ја користи глобалната платформа што ја овозможуваат инаугуративните настани за да осветли во центарот на вниманието нов, млад дизајнер.

„Сината боја беше избрана за да означи доверба и и стабилност“, изјави среќната дизајнерка.

Тоалетата ќе биде изложена во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон, заедно со фустаните што ги носеа Франсис Кливленд, Лу Хувер, Џеки Кенеди, Лора Буш и повеќе од десетина први дами кои дојдоа пред неа.(Мери Клер)