Џенифер Лоренс го повреди окото на снимањето на новиот филм со Ди Каприо
САД – Оскаровката Џенифер Лоренс беше погодена во око од летачко стакло додека го снимаше својот нов филм во Бостон, објавија ТМЗ и Бостон глоуб.
Стаклото од контролираната експлозија на снимањето на филмот „”Don’t Look Up” “ и го пресече окото на Лоренс и ја остави да крвари, соопшти ТМЗ.
Бостон глоуб соопшти дека степенот на повредата е нејасен во несреќата што се случи во четвртокот по полноќ. Повикувајќи се на два извори блиски до продукцијата, весникот наведува дека Лоренс го држела лицето кога пристигнале болничарите и дека снимањето било запрено во петокот.
Нетфликс, кој планира да ја објави комедијата за двајца астрономи, одби да коментира како и претставници на Лоренс. Наводно, Лоренс закрепнува.
“Don’t Look Up” во режија на Адам Меккеј, може да се пофали со ѕвездена екипа, вклучувајќи ги Тимоти Шаламе, Аријана Гранде, Леонардо ди Каприо, Крис Еванс и Мерил Стрип.
Лоренс (30), која освои Оскар за најдобра актерка во 2013 година за „Silver Linings Playbook“, не се појави на филмот од „X-Men: Dark Phoenix“ во 2019 година, но има четири нови филмови.
Кон крајот на 2019 година, таа се омажи за продавачот на уметнини во Њујорк, Кук Марони. (Ројтерс)