Џенифер Лопез има идеја за новогодишен изглед- црно, светкаво и неодоливо


Поп-ѕвездата, актерка и модна икона по тешката година на приватен план е подготвена за славење на Божик со неверојатен и уникатен изглед кој секогаш има модни следбеници.

Во новогодишен декор, пред гламурозно накитена елка, Лопез го покажа својот избор за празниците, со перфектна фризура и шминка. 

Знаеме дека монистите се толку очигледен избор за новогодишен стајлинг, секоја година ги има во празничните колекции на брендовите за сите џепови,  но одбројувањето на последните моменти на оваа комплексна 2024 година кое ќе го поминеме со најблиските, не значи дека нема да прославиме облечени во сјајни свечени креации.

Таква светкава облека која обезбедува доза на свеченост препорачува и Лопез која избра провокативен модел кој може секој да го носи со голема самодоверба. Особено, во Македонија.