Џенифер Лопез и Алекс Родригес се разделија по четири години
САД– Една од најстабилните двојки во Холивуд, Џенифер Лопез и Алекс Родригес ја откажаа свршувачката после две години и веќе не живеат заедно, објавија американските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.
Една од најславните двојки во САД беше заедно од почетокот на 2017 и го доби прекарот Џеј-Род откако заедно се појави на насловната страница на „Венити фер“ пред три години.
„Тие се разделија пред неколку недели и се чини дека нема да се вратат еден на друг“, откри извор близок на двојката.
Тие за последен пат беа видени заедно минатиот месец во Доминиканска Република, каде што Лопез моментално снима филм.

Веста за раскинувањето на еден од најпознатите селебрити парови во САД доаѓа неколку месеци откако тамошните шоубиз медиуми ја објавија наводната афера на Родригез со старлетата Медисон (31).
Џеј Ло беше три пати мажена. Од бракот со латино пејачот Марк Ентони има близнаци Ема и Максимилиан. Алекс од бракот со Кејтлин ги има децата Наташа и Ела. Тие како семејство живееја четири години.