Џеј-Зи со нов бизнис, со шампањското Armand de Brignac стана дел од семејството ЛВМХ


САД- Благодарение на неговиот вински подрум, раперот-милијардер Џеј-Зи се приклучи на луксузната групација ЛВМХ која купи 50% од неговиот бизнис со шампањското  Armand de Brignac, во вредност од 250 милиони американски долари.

-Го испробавме неговото шампањско и одлучивме дека треба да работиме заедно“, велат менаџерите за вино на ЛВХМ, кој е сопственик на реномираните куќи за шампањско Dom Pérignon, Moët & Chandon, Ruinart, Krug и Veuve Clicquot . Влегувањето на Armand de Brignac во ова елитно друштво е уште еден доказ дека хип-хоп сцената има што да и понуди дури и на најелитната публика во суперлуксузниот сектор.

Џеј – Зи влезе во бизнисот со вино пред 15 години, кога, по расправија со производителите на неговиот омилен шампањ, „Кристал“ го купи подрумот „Armand de Brignac“, кој истото семејство го води веќе 13 генерации. Тој ги редизајнираше шишињата, воведе некои новини во традиционалното производство и брзо започна да го освојува пазарот, иако шампањот не е ефтин: стандардното полнење на Armand de Brignac чини од 300 до 800 долари, и таканареченото шише Мидас од 30 литри дури 64.999 долари.

џеј Зи склучи договор со Бернард Арно, шефот на ЛВМХ, во неговата куќа од 88 милиони долари во Лос Анџелес, а фактот дека умешниот американски музичар е добар пријател на синот на Арно, Александар, исто така му помогна да ја затвори зделката.

„Не можев да замислам подобар партнер од ЛВМХза овој бренд, што го изградивме од нула. Кога го започнавме ова, единствената цел беше да изградиме нешто што ќе трае подолго од нас, да го издржи времето, да изградиме нешто од најголема класа и вкус, па вие момци сте совршени партнери, изјави раперот и продуцент, со вистинско име Шон Кореј Картер, сопруг на Бијонсе, чие богатство надминува 1 милијарда долари.

Џеј-Зи, кој претходно влезе и во бизнисот со канабис, е меѓу 16-те номинирани уметници за Рокенрол холот на славните за 2021 чија листа ќе биде објавена во мај, а церемонијата на воведување ќе се одржи наесен.