Џеф Безос во вселената ќе носи 82-годишна жена. Која е таа?
Вали Фанк (82) на 20 јули заедно со Џеф Безос ќе полета во вселената со комапнијата „Блу ориџин“ и така ќе стане најстара личност која патува во вселената, соопшти компанијата.
Таа ќе биде четврт патник на тој лет со човечка посада кој го организира компанијата за вселенски туризам, со милијардерот, неговит брат Марк Безос и добитникот на аукцијата чие име не е објавено
Вали Фанк во 60-тите била учесник на приватната програма позната како „Меркур 13“, во која група 13 жени биле подвргнати на исти испитувања како машките астронаути избрани во рамки на програмата „Меркур“ на НАСА за праќање на рпвите Американци во вселената.
„Ми рекоа дека сум ја завршила работата подобро и побрзо од кој и да е маж“, рече Фанк на снимката објавена на профилот на Џеф Безос на Инстаграм во моментот на објавата на информацијата.
„Реков дека сакам да бидам астронаутка. Но, никој не ме сакаше. Не ни мислев дека еден ден ќе одам горе“.
„Некој не чекал толку долго“, напиша Безос во својата објава. „Добредојде во тимот, Вали“.
Вали Фанк станала прва инспекторка на американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство. Како пилот има 19.600 часови лет.
Ракетата на „Блу ориџин“, треба да полета на 20 јули и по Кармановата линија, која според меѓународната конвенција означува почеток на вселената, треба да лета на 100 км над Земјата.
Угледните патници тогаш ќе може неколку минути да лебдат во бестежинска состојба и да ја набљудуваат закривеноста на Земјата.
Потоа капсулата во слободен пад ќе почне да се враќа на Земјата, а ќе ја успоруваат три големи падобрани и ретракети, по што ќе се спушти во пустината на западен Тексас.