Џеф Безос ја награди Доли Партон со 100 милиони долари
САД- Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ѝ додели награда од 100 милиони долари на кантри ѕвездата и филантроп Доли Партон.
„Партон е жена која дава од срце и се води од љубов и сочувство во сите аспекти од својата работа. Едвај чекаме да ги видиме сите добри работи што ќе ги направите со наградата од 100 милиони долари“, изјави партнерката на Безос, Лорен Санчез.
Востановена во 2001 година, Bezos Courage & Civility Award е опишана како награда која им оддава почит на лидерите кои бараат решенија со храброст и учтивост.
„Мислам дека луѓето кои се во позиција да помогнат би требало да ги вложат парите таму каде што им е срцето. Ќе дадам сè од себе во правењето добри работи со овие пари“, изјави Партон.
Партон годинава донираше 1 милион долари за истражување на педијатриски заразни болести во Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт во Нешвил.
Музичката легенда претходно даде 1 милион долари од заработката од нејзината плодна кариера на истата институција, а тие пари помогнаа да се финансира вакцината за Ковид-19 на Модерна, која беше спроведена на граѓаните во 2020 година.
На пејачката/текстописецот на „Џолин“ ѝ стана навика да дава дел од своето проценето богатство од 350 милиони долари за каузите за кои се грижи, особено за здравството, образованието и еднаквоста.