Џастин и Хајли Бибер со лежерен изглед во Елисејската палата: За што разговараа со претседателот Макрон?


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон беа домаќини на поп-ѕвездата Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер,  во Париз

Франција– Според француските медиуми, канадскиот пејач побарал лично да се состане со францускиот претседател, со цел да разговара за „прашања поврзани со младите“.

Бибер објави заедничка фотографија на Инстаграм, на која позира во костум со раскопчана кошула, ланец околу вратот, а особено внимание привлекуваат неговите сини патики. Неговата сопруга Хајли облече разголена креација во боја на кожа пригодна за вечерна забава, а не за средба со претседател.

Од друга страна, францускиот претседател, како што се очекуваше, носеше свечено сиво одело и вратоврска.

Џастин и Хејли беа видени како влегуваат во Елисејската палата носејќи маски, а пејачот по разговорот низ прозорецот на претседателската канцеларија ги поздрави своите фанови.

Инаку, двојката беше во Париз претходните денови, и иако медиумите не дознаа детали за разговорот меѓу поп-ѕвездата и францускиот претседател, состанокот се одржа на денот на годишната музичка прослава во Франција.