Џастин Бибер со најмногу номинации за „Ем-ти-ви“ видео музичките награди


САД – Поп ѕвездата Џастин Бибер и раперката Меган Ти Сталион имаат најмногу номинации за годинешните „Ем-ти-ви“ видео музичките награди, соопштија организаторите вчера, пред церемонијата следниот месец, која ќе ги пречека фановите како дел од публиката во живо.

Канадскиот пејач Бибер доби седум номинации, вклучувајќи уметник на годината, најдобра поп -песна за „Peaches,” и спот на годината за „Popstar“, неговата соработка со диџеите Калед и Дрејк.

Тој ќе се натпреварува за уметник на годината со Меган Теј Сталион, која освои шест номинации, меѓу кои и една за „WAP“, видео со раперката Карди Б.

Други кандидати за најдобар уметник оваа година се Аријана Гранде, Доџа Кет, новата ѕвезда  Оливија Родриго и Тејлор Свифт.

Номинираните видеа на годината ги вклучуваат “Kiss Me More” на Доџа Кет, “Bad Habits,” на ед Ширан, “Montero (Call Me By Your Name)” на Лил Нас Х и”Save Your Tears” на Д Викенд. 

Били Ајлиш, БТС, Доџа Кат, Дрејк, Гивеон, Лил Нас Х и дебитантката Родриго освоија по пет номинации.

Минатата година, Ем-ти-ви“ видео музичките награди беа снимени без публика во живо и со повеќето настапи снимени однапред поради здравствени упатства поради пандемијата со Ковид-19. (Ројтерс)