Џафери се пофали со премиерскиот портет во Владата: Маестрално дело
Премиерот Талат Џафери се пофали со премиерскиот портрет кој веќе е ставен во галеријата уметнички слики на досегашните премиери во Владата.
Тој на неговиот профил на Фејсбук му се заблагодари на авторот на портретот Едмонд Драми, за „маестралното дело“ .
„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!
Џафери е третиот премиер на техничка Влада чиј портрет стои во просториите на извршната власт.
Авторот на портретот, уметникот Едмонд Драми е родум од Фиер во Албанија, а се школувал во Рим, Италија, каде живее и работи.
Џафери е на чело на техничката влада избрана на 28 јануари, 100 дена пред парламентарните избори што се одржаа на 8 мај, согласно Пржинскиот договор, и со неа ќе раководи до изборот на политичка влада што треба да се случи деновиве.