Двете сестри на леди Дајана присуствуваа на крштевката на Лилибет


САД– Покојната принцеза Дајана би била задоволна : иако кралското семејство не присуствуваше на крштевката на принцезата Лилибет , на принцот Хари му дојдоа двете сестри на неговата мајка, леди Џејн Фелоус и леди Сара Мекоркудал. „Мирор“ објави дека двете тетки биле меѓу 20 и 30 гости на малата церемонија во домот на Хари и Меган во Монтесито.

Весникот потенцира дека „и Хари и Вилијам останаа блиски со нивните тетки и чичковци од страната на нивната мајка“ по смртта на Дајана во сообраќајна несреќа во 1997 година.

Дајана беше трета од четирите браќа и сестри – две постари сестри и помлад брат, ерл Чарлс Спенсер. Леди Џејн одржа емотивно читање од Song of Solomon на свадбата на Хари со Меган во мај 2018 година, а, како што објави Мари Клер вчера, многу детали од крштевката на Лилибет ги отсликуваа оние од денот на свадбата на Хари и Меган пред речиси пет години.

Иако во голема мера неекспонирани во јавноста, леди Џејн и леди Сара често се на големи настани каде што, доколку живеела, Дијана би присуствувала, претставувајќи ја нивната сестра и страната на семејството Спенсер. (Леди Џејн и леди Сара беа присутни и на крштевката на постариот брат на Лилибет, принцот Арчи, на 6 јули 2019 година, која се одржа во Велика Британија во замокот Виндзор.) Последен пат Хари беше сликан покрај неговите две тетки во 2021 година, кога тој и постариот брат принцот Вилијам ја открија статуата на Дајана во палатата Кенсингтон, нејзиниот долгогодишен дом. Вилијам и Хари беа видени на церемонијата како ги поздравуваат своите тетки со бакнеж, известува The Mirror .

И покрај тоа што кралското семејство не го направи патувањето од Велика Британија – без разлика дали тоа беше поради логистички причини или поради тековни семејни несогласувања или мешавина од двете – добро е да се знае дека семејството на Хари беше присутно. Од своја страна, мајката на Меган, Дорија Рагланд, присуствуваше, иако не е познато дали имало други членови од нејзиното семејство.