Две состојки се спас ако изгоревте од сонце


Прекумерната изложеност на сонце нема да ви ја направи кожата поубава и исончана, туку може само да ви направи дополнителен проблем – изгореници. После тоа останува само црвенило, чешање и печење на кожата.

Ако не сакате да бидете „црвени како рак“, избегнувајте прекумерно сончање во периодот од 11 до 16 часот, бидејќи тогаш се најсилни УВ зраците, а ако веќе е доцна и вашата кожа е оштетена, овие се советите на дерматолог.

Имено, дерматолозите сугерираат дека алое вера и кокосовото масло можат да помогнат во ублажување на изгорениците и намалување на лузните предизвикани од преголемото изложување на сонце, пишува „Добро и добро“.

Сепак, дерматологот Гита Јадав, основач на „FACET Dermatology“, вели дека кога нанесуваме кокосово масло е исто така важно.

– Ако го нанесете прерано по изгореницата, може да ја влошите болната, отечена, изгорена кожа со задржување на топлина. Затоа препорачувам прво да користите алое вера, а потоа и кокосово масло – објаснува таа.

Ова значи дека ако се грижите за изгорената кожа на сонце, воздржете се да нанесувате кокосово масло и држете се до ладење на алое вера или крема за сончање.