Две лица приведени за убиството на рускиот шеф за хемиското оружје
Две лица се приведени под сомнение дека го убиле началникот на трупите за радијациона, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник, изјавија извори за „Комерсант“ и „Известија“.
Според нив, органите на редот ги зеле трагите „од местото на злосторството“, обрнувајќи внимание на два сомнителни автомобили кои биле снимени од надзорните камери. Мажите биле приведени на 17 декември и веќе признале, пишува медиумот „112“.
Според изворот на „Комерсант“, организаторите на терористичкиот напад ги контактирале луѓето преку инстант-месинџери и им биле доставени контакти со лица од Службата за безбедност на Украина (СБУ). Всушност, злосторството беше разрешено жешко на пети, истакна изворот.
Осомничениот е 29-годишен државјанин на Узбекистан чие име не е објавено. Тој бил приведен во село надвор од Москва и, според руските власти, признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачи за да го убие Кирилов.
„По нивна инструкција, тој пристигна во Москва и му беше дадена рачно изработена експлозивна направа. Го ставил на електричен скутер, кој го паркирал на влезот од станбената зграда во која живеел Игор Кирилов“, изјави портпаролот на Рускиот истражен комитет.
Според руските власти, на осомничениот му била понудена парична награда од 100.000 долари и патување во европска земја.
Според ФСБ, уапсениот изнајмил возило и во него инсталирал Wi-Fi камера, снимката била емитувана ДО градот Днепар. Откако добил видео сигнал дека Кирилов и неговиот помошник го напуштаат влезот, експлозивната направа била активирана.
Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов беа убиени рано утрото на 17 декември во експлозија во близина на куќа на Рјазански проспект во Москва. Силата на експлозијата била еквивалентна на околу 1 кг ТНТ. Рускиот истражен комитет отвори кривично дело за тероризам, убиства, илегална трговија со оружје и муниција.
Извор на Би-Би-Си во Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави дека се работи за операција на специјалната служба. „Кирилов беше воен злосторник и целосно легитимна цел, бидејќи даде наредба да се користи забрането хемиско оружје против украинските војници. Таков неславен крај ги чека сите што убиваат Украинци“, рече изворот.
Во исто време, кабинетот на украинскиот претседател ја негираше вмешаноста на Киев во убиството на Кирилов. „Украина не користи терористички методи“, рече Михаило Подољак, советник на шефот на канцеларијата на Володимир Зеленски. Тој нагласи дека украинското раководство ги носи сите одлуки само на бојното поле, а не „некаде таму“. Според него, рускиот генерал бил убиен како последица на „внатрешни препукувања“.