Две фармацевтски компании развиваат вакцина против мутации на Ковид-19
Британската фармацевтска групација „GlaxoSmithKline“ и германската биотехнолошка компанија „CureVac“ објавија план за заедничко развивање вакцина против корона вирусот што потенцијално ќе неутрализира многу мутации на Ковид-19.
„Програмата за развој ќе започне веднаш, со цел да се добие вакцина во 2022 година, што ќе добие регулаторно одобрување“, се вели во заедничкото соопштение.
Се додава дека GlaxoSmithKline ќе го поддржи производството на до 100 милиони дози вакцини на CureVac оваа година. Вредноста на новото партнерство е 150 милиони евра.