Двајца мртви, осум ранети во престрелка во Минеаполис


 

Убиени се двајца мажи, а осуммина се ранети во пукање во центарот на Минаеполис, објави полицијата.

„Од 10 жртви сеите се возрасни, пет мажи и пет жени. Двајца од починатите се мажи, а еден маж е во критична состојба“, напиша полицијата на Твитер.

„Вратен е редот на местото на инцидентот и блиската околина“, наведе полицијата и додаде дека закани за јавната безбедност нема.

Уште на седуммина ранети пружена им е лекарска помош во локалните болници и немаат повреди опасни по живот, објави полицијата.

Се истражува причината за пукањето.

Минеаполис се подготвува за годишнината од убиството на Џорџ Флојд идната недела.

Неговата брутална смрт смрт предизвика масовни протести против расизмот во САД и светот. Полицаецот Дерел Шаувин е прогласен за виновен за убиство и го очекува изрекување на казната на 25 мај.