Два милиони долари ќе поделат петте деца на Лари Кинг, според рачно напишаниот тестамент на славниот водител


САД- Легендарниот водител Лари Кинг сакаше да се осигура дека неговите деца ќе бидат згрижени по неговата смрт.

Во рачно напишаниот тестамент , Кинг побарал неговиот имот да се подели подеднакво меѓу неговите пет деца: синовите Лари Кинг помладиот, 59, Канон, 20 и Ченс, 21, како и покојниот син Енди и покојната ќерка Каја, дознава „Пипл“.

„Ова е мојата последна волја и завет“, се наведува во документот. „Треба да ги замени сите претходни тестаменти. Во случај на моја смрт, секој ден по горенаведениот датум, сакам 100 отсто од моите средства да бидат поделени подеднакво меѓу моите деца Енди, Каја, Лари, Канон и Ченс “.

Документот датираше на 17 октомври 2019 година – два месеци откако тој поднесе барање за развод од неговата седма сопруга Шон Саутвик Кинг. (Во 2010 година, Кинг поднесе барање за развод од Саутвик Кинг само за да го повлече три месеци подоцна. Кинг повторно поднесе барање за развод во 2019 година, по скоро 22 години брак, повикувајќи се на непомирливи разлики.)

Тестаментот беше напишан помалку од една година пред неговите деца Енди и Каја да умрат во рок од 23 дена еден од друг во летото 2020 година.

Според документите, имотот на Кинг вреди 2 милиони долари.

Кинг почина на 23 јануари на 87-годишна возраст во медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес. Починал од инфекција на сепса комбинирана со Ковид-19.