Душко Арсовски ја напушта функцијата портпарол на Владата


Душко Арсовски од денеска веќе не е портпарол на Владата, соопшти на прес конференција премиерот Димитар Ковачевски, посакувајќи му на Арсовски се најдобро во неговата натамошна работа.

„Денес Арсовски го завршува ангажманот како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера“, рече Ковачевски, додавајќи дека Арсовски беше дел од процесот во кој што Владата беше оценета како најтранспарентна.

„Душко, ти благодарам и ти посакувам многу успеси во натамошната кариера“, рече Ковачевски.