Дураку: Не е точно дека ќе бидам министер за политички систем
Министерот за животна средина и просторно планирање , Садула Дураку ги негира информациите дека ќе премине во Министерството за политички систем, појаснувајќи дека неговата промена или на некој друг треба првично да се дискутираат во партијата а после и со коалиционите партнери.
,,Тоа нема никаква врска со мене. Централното претседателство се уште не се собрало да дискутира по ова прашање, односно за реконструкција на Владата. Ништо не е точно, откако ќе одлучува Централното претседателство на партијата, медиумите ќе бидат известени”, изјави за Порталб.мк, Дураку.