ДУИ му порача на Таравари да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити бил против Законот


Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите му порача на претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, да затвора игри на среќа во Чаир, како и дека неговиот коалициски партнер Изет Меџити бил против донесување на законот. 

Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија“.

Како што наведува Демократската унија за интеграција и Европски фронт „оние што го блокираа Законот за игрите на среќа во собраниските комисии, а потоа не гласаа во Собранието, се токму пратениците од опозицијата, кои заедно со нивните газди, ВМРО и Левица, ја бојкотираа собраниската седница“.

„Истовремено, бараме Таравари, доколку сака да го забрани коцкањето, да почне со казината и обложувалниците во општина Чаир, поточно на стадионот на Чаир, од каде што неговиот коалициски партнер добива огромни кирии“, се вели во соопштението на ДУИ и се додава дека „на почетокот на следниот мандат ќе се изгласа Законот и ќе се дислоцираат коцкарниците од јавните објекти“.