ДУИ: Мицкоски сака држава само на Македонците
ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, велат од ДУИ.
„ Алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за два милиони луѓе. Со овие обвинувања Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати.Европскиот фронт му става до знаење на Мицкоски и неговите деривати дека Северна Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.
Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија“, порачаа од ДУИ.