ДУИ како Анима Мунди, алармира за труење на кучињата во Гостивар


ДУИ го обвини градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, дека не мрднал со прст за да го реши проблемот со бездомните кучиња, дури ни откако 17-годишна девојка го загубила животот.

-Сега одеднаш, неколку недели пред изборите, наоѓаме многу отруени кучиња низ целиот град.Се уште не знаеме кој стои зад овој суров чин, но овие инциденти ќе ги пријавиме во полиција за загрозување на јавното здравје и суровост кон животните, овој чин не е само неодговорен и опасен, туку и незаконски!Тоа е, исто така, закана за нашите деца, нашето здравје и нашите миленици. И чистењето на градот од кучиња со труење не е само нехумано, сурово и опасно, туку и не е ефикасно!

Граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакаме“ заедно со ДУИ пред неколку недели не само што отворија петиција за чистење на градот од кучиња бездомници , туку го поздравија и нејзиниот план како да се реши проблемот не само пред изборите, туку ефикасно и одржливо! Заедно со новиот градоначалник Невзат Бејта ќе го решиме проблемот со бездомните кучиња на хуман и одржлив начин: ќе изградиме модерно засолниште за кучиња, ќе ги собираме кучињата, и ќе ги третираме за да го спречиме овој хаос, порачаа од ДУИ.