ДУИ изгуби еден пратеник на изборите


Фото: Б. Грданоски
ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата Вреди го доби во шестата изборна единица, покажуваат неофицијалните резултати. ВМРО-ДПМНЕ не доби пратеник плус и состојбата со пратениците во ДУИ во петатта изборна единица нема да се смени. Тоа значи дека Вреди сега има 14 пратеници, а СДСМ и ДУИ се изедначија со по 18 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ остана со ист број.  
 
Ова се првичните неофицијални резултати од прегласување во  шест изборни места денес во петата изборна единица, како и на едно избирачко место во шестата изборна единица.
 
Во 21 часот Државната изборна комисија ќе има прес-конференција на која ќе извести за официјалните информации од денешното прегласување во 5-та и 6-тата изборна единица. 
 

Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезеноста на седумте избирачки места до 18:30 часот  беше  55,10 проценти.