Дуа Липа стана црвенокоса за новата кампања на „Версаче“

Англија– Бринета, па русокоса, сега црвенокоса за новата рекламана кампања на „Версаче“ за сезоната есен-зима 2021 година. Англиската музичка суперѕвезда со косовско потекло позира во парчиња во кои е претставен новиот мотив на Версаче „Ла Грека“. Целосната кампања започнува на 30 август, но Версаче објави серија фотографии на Мерт и Маркус.
„Не можам да ви кажам колку сум возбудена и благодарна што ве имам како ѕвезда на мојата следна кампања. Светот не е подготвен за тоа како прекрасно изгледате на овие слики! Те сакам,” сподели на социјалните мрежи Донатела Версаче за својата нова муза.
Липа ја исфарба косата во црвена боја што ја побара Донатела како симбол на страст и сила.
WWD потврдува дека огнената марка Версаче има длабока врска со поп-ѕвездата.
„Таа ме потсетува на жените на југот на Италија, таа води, не е предводена“, рече дизајнерката за Липа, која и самата е од југот, потекнува од Калабрија.
Дуа Липа која е барана од многу брендови како заштитно лице, во мај по вторпат ја освои наградата за најдобра британска соло-пејачка на Британските музички награди. Нејзиниот актуелен албум „Future Nostalgia“ беше избран за најдобар британски албум.